Ова е една прекрасна историска книга, книга која ќе ве освојува малку по малку со секоја наредна прочитана страница.
На тој начин нема да почувствувате кога ви поминало времето, кога сте
ја завртеле и последната страница и сте стигнале до самиот крај, а
притоа ќе посакате да има уште некоја страница плус за уживање. Ова е
дело кое ме освои со својата содржина, дело кое ме освои со леснотијата
на пишаниот збор.
Авторката маестрално ја излеала од своето перо и создала приказна која ќе го освои сечие срце па и најтврдокорното.
Кога
на само шеснаесет години мора да се омажи за воjводата од Ферера,
младата и сѐ уште дете Лукреција Медачи не претпоставува каква иднина ја
чека во својот иден дом.
Кога нејзиниот богат иден сопруг ќе ја одбере за животна сопатничка и ќе ја одведе во својата раскошна палата во Ферера, таа пред себе гледа блескава и безгрижна иднина која може да ја замисли само дете на шеснаесетгодишна возраст.
Меѓутоа нејзиниот свет
и погледот кон нејзината иднина набргу ќе се изменат кога нејзиниот
иден сопруг ќе си го покаже вистинското лице. Набргу раскошната палата и нејзините ѕидови ќе станат нејзин кафез.
Нејзиниот сопруг Алфонсо д’Есте колку што е убав и мрачен толку е
опасен и мистериозен. Неможноста да обезбеди наследник го растргнува и
полни со гнев, а тука е и притисокот на свештените лица кои, доколку тој
не добие законски наследник, имотот и градот Ферера ќе ги доделат на
друг.
Единствена која може да го смири и скроти неговиот гнев е неговата љубовница Франческа. Така Лукреција не гледајќи друг излез од ситуацијата во која се наоѓа единствениот спас го гледа во бегството. Меѓутоа
поради овој избор таа би можела да изгуби сѐ, а моќта на Алфонсо е
голема.
No comments:
Post a Comment